Полипите се бенигни тумори кои се формираат на мембраните
на слузокожата. Најчесто се јавуваат во носот, на гласните жици и во цревата.
Кога се појавуваат најчесто се во облик на солза, но како се развиваат добиваат
гроздест облик, и се сврзани за слузокожата. Тие обично не даваат никакви симптоми
но со нивниот раст и размножување можна е појава на зголемено создавање на слуз
и крварење.
Полипи
во нос – кога премногу ќе се развијат, можат да го блокираат
дишењето, да предизвикаат назален говор (при зборување да звучите како да
зборувате на нос) и може да го намали чувството за мирис. Можат долго да постојат
во носот без да предизвикуваат никакви проблеми.
Лекување: симптомите можат да
се намалат со кортикостероиди, но најчесто бараат хируршко отстранување.
Причини: постојани хронични
инфекции, алергија, индивидуална предиспозиција и неоплазми.
Клиничка
слика: се манифестира со опструкција на носот, аносмија (губиток
на чувството за мирис), слевање на секрет, главоболки и др. Некогаш се
јавува и кивање, гнојна секреција и во екстремни случаи, проширување на носните
коски. Некои болни може да имаат и тешкотии од страна на бронхиите па и астма.
Со предна риноскопија се гледа
едно струка или
повеќе струка
овална, мазна, беличеста, сјајна формација во носот, претежно во средниот или
заедничкиот носен ходник. Полипот на носот обично е обостран, а може да има и
крушковиден или гроздест изглед. Слузницата на носот е бледа.
Хируршкото
лекување е најдобар избор на
третман (отстранување
на полипите, со или без операција на зафатените синуси).
Кога да одите на преглед кај ОРЛ
специјалист?
Посетете
го вашиот лекар ако симптомите траат повеќе од 10 дена. Симптомите на
хроничен синузитис и назални полипи се слични на многу други состојби,
вклучувајќи ја и обичната настинка и грип.
Побарајте
итна медицинска помош од вашиот матичен или
закажете
го важиот термин за преглед кај специјалист
по Уво Нос и Грло веднаш ако искусите:
– Сериозни
проблеми со дишењето
– Ненадејно
влошување на симптомите на горнореспираторната болест во тек
– Двоен
вид, намален вид или ограничена способност за движење на очите
– Силен
оток околу очите
– Сè
посилна главоболка придружена со висока температура или неможност да ја
наведнете главата напред