Преку оваа страна можете да се запознаете со голем број на специјалистички услуги како и услугите од страна на тимовите од општата ординација. Исто така и за нашата локација и начинот на кој можете да не контактирате. Пзу Др Миташев е формирана на 14.04.1999 год. во Штип како ординација за општа медицина и во 2004 год. кадровски се екипира и како специјалистичка ординација по уво нос и грло. Квалитетот на услугата, прегледите и интервенциите се секогаш на високо ниво со помош на комплетната медицинска опрема и стручниот тим кој работи беспрекорно.
Медицинскиот тим се состои од еден доктор специјалист, Др Влатко Миташев, и доктори по општа медицина и медицински сестри. Целиот тим има добра комуникација, и умее добро да ги распореди работните задачи се со цел секој пациент да биде прегледан квалитетно и во најкраток рок. Едноставната комуникација, отвореноста и етичното однесување со пациентите претставуваат основа за меѓусебно разбирање и постигнување на врвни резултати. Повелете и посетете не, ви стоиме на располагање од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот и сабота од 09:00 до 12:00 часот.
Услуги во ПЗУ Д-р Миташев
Општа Ординација
- Медицински преглед, советување од страна на доктор, кој опфаќа
- Анамнеза, општ и локален статус, оценка на здравфствената состојба и оценка на медицинскиот проблем.
- Консултација за акутна и хронична терапија, како и суплементарна терапија.
- Дијагностика, лечење, водење на болести.
- Издавање на лекарски уверенија, медицински потврди
- Издавање на дукументација за упатување на инвалидска пензија, или нега од туѓо лице, издавање на упати и рецепти…
- Проценка за способност за работа
- Апликација на ампуларна терапија (интрамускулна, интравенска, субкутана инјекција), инхалациона терапија, ЕКГ, преврски, одредување на гликемија во капиларна крв, мерење на крвен притисок.
- Едукација, превенција и промоција на здравјето на пациентите.
Специјалистичка Ординација
- Отоскопско испитување (проценка на состојбата на надворешниот ушен канал и аудитивната мембрана);
- Предна риноскопија (преглед на предниот и средниот сегмент на мукозата на носот и носната празнина);
- Орофарингоскопија (преглед со шпатула во грлото);
- Киберназофарингоскопија (преглед на задниот дел на носот, назофарингеален простор,);
- Стробоскопија (испитување на гркланот и гласините жици);
- Аудиометрија (TLA) метод за мерење на слухот;
- Тоалета на ушите;
- Екстракција на туѓо тело од уво;
- Екстракција на туѓо тело од носот; Екстракција на туѓо тело од грло;
- Предна назална тампонада;
- Примена на газа со лек во увото и / или носот;
- Тоалета на крајници;
- Земање на брисеви од нос, грло и уво;
- Назален тоалет;
- Аспирација за лачење од носот;
- Инхалации;
- Палпација на лимфните јазли на вратот …
Тимот на ПЗУ Д-р Миташев е секогаш спремен со задоволство да им помогне на нашите пациенти. Доколку ви се потребни било какви информации за услугите на нашата ординација, слободно контактирајте нѐ. За услугите кои ги врши можете да се информирате во самата ординација, на телефонските броеви:
+389 32 380000
+389 74 608000
+389 78 394392
или на нашата веб страна www.drmitasev.com и facebook.com/drmitasev