Дали некогаш сте почувствувале, Вие или некој што го познавате, постојано да кашлате и кивате?
Кашлицата понекогаш не е само кашлица, може да биде и алергија. Дури 500 милиони луѓе (1 во 5) имаат некаква алергија. Симптомите на алергиска реакција обично се развиваат во рок од неколку минути откако ќе бидат изложени на нешто на кое сте алергични, иако понекогаш може постепено да се развиваат во текот на неколку часа.
За да се дознае причинителот на алергијата се прават Алерго-тестови, кои ги детектираат и мерат количините на антитела специфични за алергените во крвта. Кога ќе дојдете во контакт со алерген вашето тело прави антитела против него. Антителата им кажуваат на клетките во вашето тело да ослободат одредени хемикалии. Овие хемикалии се она што предизвикува алергиски симптоми. Симптомите на алегиското заболување се слични со симптомите на заболување од инфективна природа како на пример симптомите на настинка или грип.
Алергиско испитување преку крвта може да помогне да се открие што предизвикува симптоми на алергија и да му помогне на лекарот да го избере најдобриот третман за вас. Кога да направите алерго-тест? Ако тегобите траат подолго од 2 недели и не се смируваат со антибиотска терапија, туку се смируваат со антиалергиска терапија.
Во склоп на нашата ординација работи лабораторија, која што ги врши следните алергенски испитувања:
- Респираторен панел од 30 видови на алергени
- Нутритивен панел од 30 видови на алергени
- Педијатриски панел (за деца) до 30 видови на алергени
- Панел микс од 15 видови на респираторни алергени и 15 видови на нутритивни алергени.
Испитувањата се вршат во било кое време од денот и не е потребно да бидете гладни!