Славиме полнолетство во ПЗУ Д-р Миташев, ординација која цели 18 години ужива доверба од пациентите и нуди препознатлив квалитет.
18 години историја, која покажува одговорност и успех кои се темели на врвното раководство и персоналот, обединети со цел наметнување повисоки стандарди на професионално поле, а како резултат на тоа се 4000 задоволни пациенти во општата ординација и направени 17 066 прегледи за 2016 година и 4493 прегледи во специјалистичката одинација.
Приказната за ПЗУ Д-р Миташев започнува на 14.04.1999 година во Штип, како ординација за општа медицина и во 2004 година кадровски се екипира како специјалистичка ординација.
ПЗУ Д-р Миташев има договор со ФЗО, работи од понеделник до петок од 08 до 20 и сабота од 09 до 13 часот.
За услугите кои ги врши можете да се информирате во самата ординација, на телефонскиот број 032/ 388 – 000 и на нашата веб страна www.drmitasev.com или на https://www.facebook.com/drmitasev/.