Во современата култура на живеење се почесто се сретнуваме со човековото користење на поимот стрес. Вообичаено искажувањата се од типот: „да се биде под стрес“, „да се преживее стрес“, „да се очекува стрес“, како и констатациите „попушти под стрес“, „се разболе од стрес“, „почина по силен стрес“ и сл.
Сето тоа го одредува стресот како сеприсутен фактор на реалноста…
Резултатите од стресната состојба можат да бидат позитивни – еустрес и негативни – дистрес.
Позитивниот резултат води кон мотивација и правилна адаптација, додека негативниот резултат води кон опстојување на стресната (дисфункционална) состојба, а тоа понатаму до болест (дефект на организмот) или смрт.