Пневмонијата се однесува на воспалувањето на белите дробови. Тоа е една од посериозните инфективни заболувања. Оваа болест завзема алармантни пропорции доколку се западнати и двата бели дроба, а оваа состојба тогаш се нарекува двојна пневмонија во секојдневниот говор.
ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ
Најчестите случаи на пневмонија започнува со студенило во пределот на главата или грлото. Пациентот се чувствува како настинат, има треска, тешкотии во дишењето и остра болка во градите. Кон сето ова може да се појави и кашлање пропратено со шлајм, чија боја варира, и станува кафеава. Кај помалите деца, болеста може да предизвика делириум и грчење. Телесната температура може да се покачи до 4O.6°C а пулсот може да порасне до 150 отчукувања во секунда.
Пневмонијата е предизвикана од различни видови на бацили како што се стрептококите, стафилококите, и пнеумококите. Понекогаш, определени вируси можат да бидат одговорни за оваа болест. Останати причинители се габичните инфекции, иритација предизвикана од црви, вдишување на страна материја, вдишување на прав или штетни гасови. Вистинскиот причинител на пневмонија секако е присуството на токсини во телото, особено во градите и дишните канали. Наталожување на токсините се должи на погрешните навики во исхраната како и погрешниот начин на живот.
Треба да се укаже итна медицинска помош, доколку се појават симптоми како што се помодреност на кожата, крв во плунката, напор при дишењето, висока температура или брзо чукање на срцето.