Што се лимфни јазли?
Лимфните јазли се важен дел од имунолошкиот систем на човекот. Тие се наоѓаат насекаде низ телото, но видливи се и опипливи само кога се зголемени или потечени. Лимфните јазли се регионално распоредени, а секоја група од нив одговара на одреден регион на телото и е одраз на абнормалностите во тој регион.
Во принцип, инфекциите се најчести причини за зголемување на лимфните јазли. Други вообичаени причини се воспаленија и карциноми.
Зголемени лимфни жлезди може да бидат последица на обична настинка или други вирусни инфекции. Но може да бидат и симптом на сериозно заболување како што е тумор.
Инфекциите се најчестите причини за зголемени лимфни јазли. Општи инфективни причинители на отечени лимфни јазли се вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекции. Најчеста причина на отеченост е вообичаена вирусна инфекција на горните респираторни органи како што е обичната настинка.
Симптоми:
Топла потечена и црвена кожа кај лимфните јазли, болка при допир и други симптоми од инфекција…
Лекувањето треба да биде етиолошко, да се лекува причината што довела до зголемување на лимфната жлезда.