Крварењето може да биде слабо изразено или како велиме капка по капка или пак појако изразено во млаз. Првенствено е, да се објасни за настанатата состојба, да се смират емоциите и секако да се превземат сите мерки за да се сопре крварењето. После сопирањето на крварењето секако треба да се најде и причинителот кој довел до таа состојба.
При крварење крвта обично потекнува од крвните садови лоцирани во предниот дел од назалниот септум или од назалната шуплина.
Најчести предузвикувачи се:
Чепкање во носот, удар, настинка или грип, носна алергија, сува мукоза во носната шуплина, висок крвен притисок, некои лекови, хемикалии кој ја иритираат мембраната, поретко тумори во носната шуплина, леукемија, хемофилија и т н.
Кога крварите од носот седнете исправено и наведнете се нанапред, стиснете го носот со палецот и показалецот, не го чепкајте или дувате носот неколку часа по крварењето, ако крварењето е подолго од 20мин.побарајте итна помош, при чсто крварење побарајте помош од вашиот доктор.
Краварењето може да се избегне aко побарате медицинска помош за болеста која го предизвикува крварењето, избегнувајте оштетување на лигавицата, регулирајте ја влажноста на воздухот со помош на апарати.