Гласот го претставува идентитетот на еден човек, неговото потекло, особини, психичката и емоционална состојба и му овозможува да се искажува и да ги изразува своите емоции.
Гласот се продуцира при затворање на гласните жици.
Пореметувањето на гласот постои доколку висината, јачината, квалитетот на гласот се разликуваат од гласот на лицата еднакви по возраст, пол итн…
Таа промена на гласот произлезена од нарушена работа на гласните жици се нарекува дисфонија, додека целосната загуба на глас се нарекува афонија.
Причини за дисфонија: вроден дефект на гркланот, вродена раскавица, неразвиени или целосно отсутни гласни жици, алергиски, воспалителни реакции, рак на гркланот или долниот респираторен тракт.
Фактори кои предизвикуваат дисфонија: стрес, оштетување на горнореспираторниот тракт (поради навлегување на туги тела во нив), болести на белите дробови, тироидна жлезда, анемија, професија поврзана со употреба на гласот, хирушка интервенција на вратот, ментални и невролошки нарушувања.
Доколку се соочувате со гласовни потешкотии треба да се обратите на орл специјалист, каде со ларингоскопија ќе се изврши преглед на ларинксот и хипофаринксот, со која ке се даде процена на функционалните способности на ларинксот. Постојат и други методи…
Начин на дијагностицирање: физички преглед (природа на заболување, поврзани акурни и хронични заболувања и факторите кои влијаат на развојот на дисфонијата) и некоја од одредените методи од страна на специјалист по орл.
Третман: Најпрво треба да се открие и отстрани причината за оштетувањето на гласот, вокална хигиена која е битна за самиот глас, тренинг на гласот, намалете ја неправилната употреба на гласот, дишете правилно, хидратација, не пушете, не се надвикувајте…
Ако е потребно понатамошно лекување или хирушки зафати, тоа се прави со консултација со орл специјалист.