Десет проценти од населението во светот имаат некоја форма на оштетување на бубрезите. Хроничната бубрежна болест (ХББ) се предвидува во текот на следната деценија да се зголеми за 17 проценти.
Клучни прашања и предизвици во справувањето со хроничните болести на бубрезите се лошата хигиена на водата, недостаток на хидратација, нездрав избор на храна и пијалоци, јазични бариери, нивото на образование и писменост, ниски приходи, невработеност, недостаток на соодветно здравствено осигурување, како и културно специфични здравствени верувања и практики.
Болестите на органите за мокрење се поделени на болести на бубрезите, ноќно мокрење, болести ма мочните патишта, болести на простата, Цисти, тумор, рак и бубрезна инсуфициенција.
Најчести болести кои се јавуваат на бубрезите се: заболувања на мочни патишта, мочни канали, кристали, воспаленија на бубрезите, уретри, бешика, проблеми со мокрење, проблеми со мочните патишта, воспаленија на мочни патишта, простата, камен во бубрези, песок во бубрези, ноќно мокрење, инсуфициенција на бубрези, зголемен креатинин, мокрачна киселина (песок во бубрези, бубрежен камен, воспаленија, талог).
Како да се грижите за вашите бубрези?
Дали сте под ризик?
Дали имате покачен крвен притисок?
Дали страдате од шеќерна болест?
Дали имате фамилијарна историја на болести на бубрегот?
Дали сте со прекумерна телесна тежина?
Дали пушите?
Дали имате над 50 години?
Доколку сте одговориле потврдно на едно или повеќе од претходните прашања, би требало да поразговарате со вашиот доктор и доколку треба, да направите иследувања за болести на бубрегот. Хроничната болест на бубрегот во раниот стадиум не дава знаци и симптоми. Можете да ја одложите или да ја спречите бубрежната болест со нејзин навремен, ран третман.