Гркланот сместен е меѓу голтникот и душникот и претставува цевчест орган за дишење и создавање на глас. Влезниот отвор се наоѓа под коренот на јазикот, а однапред е ограничен со грклански капак (epiglottis). При голтање капакот се свиткува наназад и го затвара влезниот отвот и спречува навлегување на храната во дишните патишта.
Гркланска празнина (cavum laryngis) е составена од лигавица, рскавици и напречно пругасти мускули. Гркланската празнина се состои од три ката.
При преглед на гркланот гласните жици се издвојуваат со сиво – бела боја. Рскавиците на гркланот се различни по форма и големина и меѓусебно се поврзани со зглобови, лигаменти и мускули.
Гласот се создава со треперење на гласните жици предизвикано од струење на воздухот при издишување. Мускулите од гркланот ја регулитаат широчината на гласната пукнатина и затегнатоста на гласните жици, а со тоа влијаат на јачината и височината на гласот.