Спирометријата е метода со која се одредува способноста за вентилација на белите дробви.
Се изведува на спирометар на кој се добива дијаграмски запис.
Се работи за метода која лесно се изведува со адекватна соработка на пациентот.
ПРИЧИНИ ЗА СПИРОМЕТРИЈА:
• Дијагноза и следење на опструктивни белодробни болести (астма, ХОББ).
• Дијагноза и следење на рестриктивни белодробни болести (болести на белодробниот паренхим).
• Проценка на работната способност.
• Проценка на можноста за хируршки интервенции.
• Мониторирање на ефектот од радиотерапија, операции или медикаментозна терапија.
Најважни параметри кои се добиваат со спирометрија се воуменот на воздух што форсирано се издишува по максимален инспириум и волуменот на воздух кој се издишува во првата секунда од форсиран експириум.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА СПИРОМЕТРИЈАТА
Носот на пациентот се затвора со штипалка, со усните го опфаќа “усникот” (пастичен или картонски), кој се менува за секој пациент.
Пациентот дише нормално (3-4 респирации), потоа лесно го издишува целиот воздух од белите дробови.
Потоа длабоко вдишува и најбрзо што може го издишува целиот воздух од белите дробови.
Постапката се изведува 3 пати, за поголема точност на резултатите.
Нарушувања во спирограмот т.е. во вредностите на некои или сите наведени спирометриски параметри се јавуваат при повеке болести на белите дробови, а нормалните вредности зависат од неговиот пол, возраст и телесна височина.