Дијабетисот е епидемија на 21 век. Тоа се должи на изменетиот начин на живот, нездравите животни навики, брзата храна, недостаток на физичка активност.
Дијабетесот е болест која трае цел живот и поради која нивото на шеќерот во крвта кај пациентите станува превисоко и настанува хронично системско пореметување на метаболизмот.
Условен е од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, хормон кој се создава во панкреасот, односно во комбинација на овие два фактори.
Причини за дијабетис може да бидат:
• Недоволна продукција на инсулин од страна на панкреасот;
• Нарушена реакција на клетките кон инсулин;
• И двете причини истовремено.
Постојат три главни типа на дијабетес
Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.
Дијабетес тип 2 (инсулинонезависен дијабетес) најчеста форма на дијабетес. Панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се резистентни на инсулинот.
Гестациски дијабетес се карактеризира со високо ниво на гликоза во крвта и се јавува во кој било период од бременоста кај жени кои дотогаш не страдале од дијабетес.
Главните симптоми на нелекуваниот дијабет се зголемено и зачестено мочање, зголемена жед, јадеж на гениталните органи, екстремна општа малаксаност и заматен вид.
Дијагнозата се поставува со измерена гликемија на гладно, а таканаречениот скриен шекер со открива со ОГТТ тест.
Лекување: внимавање на исхраната, физичка активност, едукација и самоконтрола, употреба на орални дијабетици, употреба на инсулин.
Компликации: Срцев удар, мозочен удар, нарушено движење на крвта во нозете, оштетување на видот, чести инфекции на кожата, оштетување на нервите поради што се јавува трнење, губење на чувството за осет, болка, оштетување на бубрезите, Зголемен ризик за појава на одредени типови на рак.